Македонија 19. јануари 2021. / 18:22

Владата ја усвои Програмата со стратешките приоритети во 2021 година

Владата ја усвои Програмата со стратешките приоритети во 2021 година

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за работа во 2021 година.

Програмата, како што наведува владината прес-служба, е целосно во функција на остварување на стратешките приоритети: обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, справување со КОВИД-19, успешно водење на пристапните преговори со ЕУнија, владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност; квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење граѓанска држава со етничка и социјална кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување.

Меѓу приоритетите е и заштитата на животната средина преку зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени.