Уредбата донесена на 24.03.2020 година на 27 седница на Владата, а која се однесува на запирање на примената на Законот за извршување со која се запираат сите извршни дејствија, се уште не е објавена во службениот весник.
Ова значи дека цела недела подоцна собирањето на парите од сметките на граѓаните продолжува, а се блокираат и нови сметки.
Со тоа што Уредбата не е објавена во службениот весник, истата нема правна сила, односно не може да произведе правно дејство, па оттука истата како и да не е донесена.
Граѓани до редакцијата на ,,Економски Лидер” се пожалија дека се уште им се извршува од сметките а извршителите им рекле дека ќе стрижат и на следната плата, доколку оваа уредба не се објави во службен весник.