Македонија 30. август 2020. / 23:29

ВЛАДАТА ИЗГЛАСАНА: Заев стана премиер – пратеник кој не присуствуваше во салата гласаше “За”, гласаше и министер!

ВЛАДАТА ИЗГЛАСАНА: Заев стана премиер – пратеник кој не присуствуваше во салата гласаше “За”, гласаше и министер!

Со 61 пратеник и еден министер се изгласа новата влада која ја предводи Зоран Заев.

Еден од пратениците, чудно, гласаше од посебна кабина во собранието затоа што бил заболен од Ковид 19 вирусот.

На крајот на собраниската седница пред самото гласање, пред пратениците се обрати и мандатарот Зоран Заев кој истакна дека ќе работат транспарентно и ќе воведат и модерно образование.

– Ќе работиме за посилно здравство кое ќе води целосна грижа за сите граѓани. Ќе служиме чесно и одговорно и ќе бидеме сервис за сите граѓани. Сите сме еднакви и мора да работиме заедно за граѓаните. Сите соседи ни се пријатели и имаме одлична соработка и очекуваме економската соработка да расте. – рече Заев.

Заев најави и целосна обнова на економијата и дека ќе ги поттикнува младите да се вработуваат и во приватниот сектор. Истовремено најави и привлекување на странскиот капитал и инвестиции. Тој ги повика младите да не заминуваат, туку да останат и да помогнат во модернизирањето на државата. Истакна и дека ќе го искорени криминалот и најави и брза поддрша за најсиромашните.

– Побогатите ќе плаќаат повеќе за државата. – рече Заев.

Заев најави и дека ќе има ефикасен и правичен правен систем по пат на прочистување на судството. Тој на крајот побара и поддршка од опозицијата.