Македонија 22. септември 2018. / 20:05

Владата и општина Дебарца водат “војна” за регионалната депонија

Владата и општина Дебарца водат “војна” за регионалната депонија

Локалните и централните власти влегоа во отворен конфликт откако државата и понатаму не отстапува од намерата регионалната депонија за Југозападниот дел да се гради во општина Дебарца. Додека Министерството за животна средина смета дека тоа е најсоодветната локација и дека во рамките на оваа општина треба да се бара решението, градоначалникот тврди дека тие тоа нема да го дозволат. Сето ова се случува во период кога целиот регион се дави во ѓубре од депониите кои се наоѓаат во близина на градовите.

Од општината Дебарца бараат од екологија да го преиспита ова решение, да отвори нова јавна дебата која велат ќе биде транспарентна и во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни. Инаку минатиот октомври граѓаните на референдум кажаа не против изградба на ваква депонија на нивна територија.