Македонија 17. декември 2020. / 20:11

(ВИДЕО) Тука затрупаа еко бомба: Противзаконски се полнат џебови на сметка на уништување на животната средина

(ВИДЕО) Тука затрупаа еко бомба: Противзаконски се полнат џебови на сметка на уништување на животната средина

Сите граѓани знаат дека тука направија криминал, дека тука правеа пари на сметка на нашето здравје. Тука затрупаа еко бомба. Ветуваа парк, а создадоа депонија. Сите знаат дека против законски се полнат џебови на сметка на уништување на животната средина и ризикот по нашето здравје, истакна денес Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

Жителите на овие згради околу нас, во сред полициски час пролетта беа сведоци на едно злосторство. Немоќни ги гледаа стотиците камиони што увезуваа песок и чакал, и синхронизирано камиони кои истураа секаков отпад и шут. Денес благодарејќи на дискусијата во Собранието знаме дека Шилегов и Богоев се лицата што стојат позади оваа катастрофа.

Исто така знаеме дека СДСМ нема да ги држи институциите вечно во заробеништво, еден ден тие ќе функционираат и ќе казнуваат. Секој што се огрешил ќе сноси одговорност и ќе одговара.

ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова поддржана исто така од пратеникот Љупчо Пренџов стоејќи цврсто на своите заложби за чиста животна средина и грижата за здравјето на граѓаните поднесоа амандман на буџетот за 2021 година со кој треба да се обезбедат средства за санација и ремедијација на новосоздадената депонија. со поднесување на овој амандман и со овој денешен протест им даваме можност на СДСМ да се исперат од срамот што Шилегов и Богоев им го нанесуваат на ним, карпошани и на граѓаните на Скопје.

Прифатете го амандманот, спречете еколошка катастрофа и отпочнете итна постапка за санација и ремедијација на втората заштитна зона на бунарското подрачје НЕРЕЗИ-ЛЕПЕНЕЦ – порача тој вечерва.