Владата го заолжила техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев да утврди механизам и да изнајде начин за да го реши проблемот со пасошите, велат од владината прес служба по синоќешната седница.
– Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со актуелната состојба и проблемот со издавање на патни исправи од страна на Министерството за внатрешни работи, и го задолжи ова министерство да утврди механизам, односно методологија и критериуми за начин на издавање на патни исправи до 24.03.2020 година, за кога е најавена испорака на дополнителна количина на обрасци на патни исправи, соопштија од владата.
Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор „Веридос“ треба да стигне на 24 март, а како што информира претходно министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин.