Македонија 08. февруари 2019. / 11:17

Владата го усвои предлог-законот за класифицирани податоци

Владата го усвои предлог-законот за класифицирани податоци

На предлог на министерството за одбрана, Владата го усвои предлог-законот за класифицирани податоци.

Како што соопшти владината прес-служба, со новиот предлог-закон се уредува системот за заштита на класифицирани информации во земјата, пришто се става акцент на класифицирањето на информациите, определувањето на степените на класификација, критериумите, мерките и активностите за заштита на класифицираните информации, размената на класифицираните информации со странски држави и меѓународни организации, постапките за издавање и времетраењето на безбедносните сертификати, органите за заштита на класифицирани информации, плановите и програмите за работење на Дирекцијата, вршењето надзор, прекршочните и казнените одредби при неовластено откривање на класифицирани информации.