Македонија 11. февруари 2021. / 09:46

Владата го откупила доменот vaksajns.mk?

Владата го откупила доменот vaksajns.mk?

Луѓето на Заев него или сите тие заедно нас – кој кого зеза тука? Верувале или не, доколку наместо vakcinacija.mk за да се регистрирате за примање на вакцини, впишете vaksajns.mk, како што според Заев се велат вакцини на англиски, автоматски ве префрлаат на самиот сајт vakcinacija.mk.

Проверете и самите и наместо vakcinacija.mk, впишете vaksajns.mk. За чудо, денеска и самиот сајт работи, па ќе може и навистина да се регистрирате, а кога навистина ќе се вакцинирате – не е битно.