Македонија 24. јули 2019. / 21:06

Владата ги усвои законите за Инспекторатот за употреба на јазиците и за Академијата за судии и јавни обвинители

Владата ги усвои законите за Инспекторатот за употреба на јазиците и за Академијата за судии и јавни обвинители

Владата попладнево на седница го усвои Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците и донесе одлука тој да биде пуштен во собраниска процедура. Инспекторатот како нов орган ќе работи во состав на Министерството за правда.

Бидејќи станува збор за формирање на нов орган во состав на Министерството за правда, законски е предвидена и организациската поставеност на инспекторатот, како и условите кои треба да се исполнат за избор на директорот и инспекторите во рамките на инспекторатот – се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Законот, како што се појаснува во соопштението, се носи со цел надзор врз примената на Законот за употреба на јазиците во Република Северна Македонија, кој треба да ја гарантира рамноправноста, еднаквоста и непристрасноста при примената на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

На предлог на Министерството за правда усвоен е и Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, кој исто така ќе биде пуштен во собраниска процедура.