Македонија 23. јуни 2020. / 11:40

Владата ги осакати медиумите: Преполовени буџетите за рекламирање за изборите

Владата ги осакати медиумите: Преполовени буџетите за рекламирање за изборите

Откако техничката влада ги скрати средствата на политичките партии, на само пет минути пред завршувањето на вонредната состојба донесе уредба со законска сила за распределбата на средствата од буџетите за рекламирање. Со уредбата се врши директен упад во Изборниот законик и без никакви консултации, а уште помалку со некаков консензус ги преполови средствата за рекламирање со што директно ги осакатува медиумите во државата.

Дека се работи за шверцерски упад покажува тоа што законот е прикачен на Влада дури еден час по полноќ по завршување на вонредната состојба.

Со ова СДСМ и власта прават директен атак врз медиумите, а злоупотребена е и вонредната состојба.