Македонија 15. декември 2020. / 08:20

Владата денеска ќе ги разгледа новите превлози од Комисијата за заразни болести

Владата денеска ќе ги разгледа новите превлози од Комисијата за заразни болести

Владата денеска на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и на Главниот штаб. Комисијата за заразни болести реши да и препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18-ти декември до 21-ви јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот и да нема групирања дома и на отворено.

Препораките за рестриктивни мерки се насочени на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти.

Според анализите на Министерството за здравство, претходните мерки веќе даваат резултати, а репродукцискиот број (R0) или факторот на репродукција, кој на почетокот на ноември беше 1,5, сега е под 1, поточно 0,95.

Намалување на новозаразени беше забележано во претходното деноноќие. Вчера беа забележани нови 213 случаи на заразени си коронавирусот од направени 741 тестирања, 26 починати и 632 оздравени пациенти.