Владатапобара од Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до утре да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на корона вирусот согласно показателите од теренот.
Владата на 62. седница го разгледа и усвои записникот од 69. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирусот Ковид-19 и донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот – соопшти владината прес-служба.
На својата седница Владата донесе и измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.