Македонија 17. октомври 2018. / 17:59

Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија ќе гласа за промена на името

Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија ќе гласа за промена на името

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија, Владанка Авировиќ, ќе гласа за уставни измени со кои ќе се промени уставното име со цел да му се даде шанса на процесот за членство во ЕУ и НАТО, дознава „Макфакс“ од извори блиски на пратеничката.

Таа нема да се откаже од правото на дискусија во Собранието, како што тоа го направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува во текот на денот таа да го образложи својот став.

Синот на пратеничката, Василие Авировиќ, беше осуден во случајот на СЈО со кодно име „Труст“. Тој треба да издржи казна затвор од три години бидејќи како управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ направил злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.