Македонија 22. август 2019. / 12:35

Високи функционери на СДСМ ќе бидат испрашувани за „Рекет“

Високи функционери на СДСМ ќе бидат испрашувани за „Рекет“

Истрагата за „Рекет“ има уште најмалку два дела, од кои едниот е за невладината организација Меѓународен сојуз на првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, за уцена и изнуда на бизнисмени, и за тој дел шефицата на Обвинителствто за организиран криминал која го води случајот Вилма Рускоска досега нема изнесено детали, пишува СДК.мк.

Овој дел нема врска со Специјалната обвинителка Катица Јанева, која како третоосомничена во „Рекет“ вчера доби 30 дена притвор, велат во Обвинителството.

Планирано е неколку високи функционери од СДСМ да бидат повикани на сослушување со засега непознат статус.

Сојузот на Боки 13 има потпишано меморандуми за соработка за обезбедување на плацови за изградба на старски домови со повеќе градоначалници од владејачката партија, како и со Министерството за транспорт и врски. Во преговорите со некои градоначалници помагале и високи партиски и државни функционери, но тоа, според извори од партијата не е криминал бидејќи ниту една обврска од меморандумите не била исполнета. Тие биле само помагачи да се оствари тоа што според програмата на Меѓународниот сојуз била хумана идеја, а градењето на старски домови и јавно приватното партнерство не е нешто што е спротивно на предизборната програма на СДСМ за локалните избори во 2017 година.