Тестирањата за Ковид-19 во изминатото деноноќие покажуваат дека епидемијата во Македонија се уште е во голем замав. Тоа може да се види од високиот процент на позитивни случаи од направените тестирања, кое секојдневно е над 10 %, далеку од стандардите на СЗО од 5% за да се смета дека епидемијата е ставена под контрола. Во последното соопштение на Министерството за здравство се наведено дека во минатото деноноќие биле извршени 830 тестирања, од кои се регистрирани 11,3% (94) нови случаи со Ковид-19.
Во истиот период починале и осум пациенти во Клиниката за инфективини болести, во ГОБ „8 Септември”, во Општатите болници во Прилеп, Струга и Гостивар вчера починаа осум пациенти кој биле позитиви на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619.
И натаму најголем број на новозаразени од корона вирусот се регистрират во Скопје.
Од почетокот на пандемијата во Скопје се регистрирани над четири илјади заразени од Ковид-19, од кој 1.823 се уште активни. После главниот град, Тетово е на второ место со најголем број на заразени вкупно 900, кој 291 лица се уште позитивни на Ковид-19, односно Куманово со 882 случаи, од 214 пациенти се уште се активни.