Македонија 15. февруари 2019. / 11:06

Википедија започна со користење на Северна Македонија и официјален албански јазик

Википедија започна со користење на Северна Македонија и официјален албански јазик

Новото име Република Северна Македонија почна да го користи и глобалната интернет енциклопедија Википедија.

Во информациите за земјава на Википедија на англиски, на француски, на грчки и на повеќе други светски јазици веќе е наведено дека новото име на државата е Република Северна Македонија.

Се наведува и образложение дека тоа е направено со Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на 27-годишниот спор за името меѓу Скопје и Атина.

Исто така на страницата е наведено дека официјални јазици се македонски и албански.