Македонија 22. мај 2020. / 18:46

Викендов полициски час од недела во 11 часот до вторник во пет часот

Викендов полициски час од недела во 11 часот до вторник во пет часот

Полицискиот час за сите граѓани на целата територија на државата овој викенд ќе почнува во недела во 11 часот, а ќе трае до вторник во пет часот.

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд – објави Спасовски на Фејсбук.

Тој посочи дека во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до пет часот наутро.