Македонија 04. октомври 2020. / 11:22

(ВИДЕО) Журка синоќа без почитување на протоколите и во струмички Аватар

(ВИДЕО) Журка синоќа без почитување на протоколите и во струмички Аватар

Освен во Скопје, журка до раните  утрински часови имаше и во струмичкиот  Аватар. Преполна дискотека, без заштитна маска, без никаква дистанца беше сликата од вчерашната забава во струмичкиот кафе бар Аватар.

Од снимките , што се споделуваат на социјаните мрежи се гледа дека во кафулето гостите на забавата не ги почитуваат мерките за заштита од пандемијата односно ниту се одржува дистанца, а ниту пак се носат маски.

И додека бројот на заразени и починати од КОВИД 19 секојдневно расте, Аватар организира забави, а централните и локалните власти не преземаат ништо за спречување на ваквата состојба за организираат журки без почитување на препораките.