Советниците од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на општина Куманово на последната седница на своите лаптоп-компјутери залепија сонциња од Кутлеш, потег кој наиде на осуда од претседателката на советот.
-Ни ставате на товар дека целиот овој Совет, јас како одговорна и градоначалникот и општинскиот имот го кршиме законот и ќе го сметам за намерно нарушување на редот и провокацијата тоа што на вашите службени лаптопови сте го истакнале симболот на знамето кое веќе не важи и кое е со закон забрането за употреба на јавни места, истакнала претседателката на Советот, Атина Мургашанска која ги повика надлежните органи да поведат прекршочна пријава за ваквото “прекршување“.
-Има исклучива забрана за знаме со овој симбол. Ако стои српско знаме, знаме на Република Србија или на Република Албанија, не ни е обврска, ама не е забрането, додала Мургашанска.