Македонија 18. февруари 2021. / 10:10

(ВИДЕО) Земон: Пописот е неопходен, ни требаат тие податоци да го развиеме регионот

(ВИДЕО) Земон: Пописот е неопходен, ни требаат тие податоци да го развиеме регионот

Гостин во денешната емисија „Утро со Златев“ беше претседателот на ПОЕН, Рубин Земон. Со него се дискутираше на повеќе теми како етничките заедници во Македонија, за измените во законот за лични карти, но и други актуелни политички случувања како пописот во Македонија.

Рубин Земон вели дека од 91-ва до сега сите пописи од некој се оспорувани.

– Никој нема да ви кажува вие што сте и кои сте. Секој си знае кои се неговите наследени културолошки работи, вели Земон и додава дека тој затоа е против етничката припадност да стои во личните карти.

За пописот вели дека тоа се статистички податоци и дека таму треба да биде различно од личните карти.

Околу пописот во време на пандемија тој вели дека ќе се преземат мерки, но сепак смета дека пописот е неопходен.

– Пописот е неопходен. Немаме пописот веќе 20 години. Нас не ни требаат податоци за етничката припадност туку за да го развиеме регионот и да имаме регионален развој, вели Земон за Радио Лидер.