Македонија 11. јули 2020. / 10:57

(ВИДЕО) Заев злоупотребуваше трагедии за свои политички цели

(ВИДЕО) Заев злоупотребуваше трагедии за свои политички цели

Во најновото објавено видео се наведени дел од најголемите манипулации и лаги на Зоран Заев со кои злоупотребуваше трагедии и лични судбини во свои лични политички цели.

Заев најавуваше информации и наводнои расветлување на загинувањето на новинарот Никола Младенов, на Мартин Нешковски, на убиените деца на Смилковското езеро.

Но, тие најави на Заев останаа само празни зборови, со оглед на тоа што откако дојде на власт не кажа ниту збор за смртта на Младенов, за убиените кај Смилковско езеро изјавуваше дека не се сеќава што зборувал, додека неговата власт многу лесно дозволи убиецот на Нешковски, Игор Спасов, да избега од затвор и сега да биде на слобода.