Има таканаречена кадровска метла и реформите неопходни за ЕУ може да почекаат – премиерот Зоран Заев да одлучил да земе четири слободни денови од работа, кои ќе ги помине во уживање.
-Канцеларијата на претседателот на Владата, информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10-ти до 14-ти мај ќе користи дел од своите слободни денови. Деновите, премиерот ќе ги земе заради приватни причини. – информираат од прес службата на владата.
До редакцијата на „Лидер“, пристигна видео снимка од Ново Село, во која се гледа како премиерот вози мотор низ општината заедно со своите придружници а со владините возила возачите и обезбедувањети го следат и му носат опрема. Одреден дел од работите кои владините возила му ги влечат на Заев се во приколка, па не се знае што има внатре.
Инаку, премиерот во понеделникот најави дека во недела ќе вози мотор, но очигледно авантурата ја почнува два дена порано.
– Имам многу малку време, но и покрај тоа го користам. В недела возам мотор, а во Скопје во четврток играм фудбал со министрите, но не сум редовен. Се надевам дека во иднина ќе имам повеќе време за спортување за да бидам подобро подготвен за секојдневните активности – рече Заев во понеделникот.