Македонија 22. септември 2020. / 17:15

(ВИДЕО) Забавите во Струмица не престануваат: Во полн ресторан никој не ги почитува мерките

(ВИДЕО) Забавите во Струмица не престануваат: Во полн ресторан никој не ги почитува мерките

На забавите во Струмица и покрај мерките против Ковид-19  се чини им нема крај.

Бројот на новозаболени секојдневно расте, на 15ти овој месец најмладиот новозаболен беше осумгодишно дете токму од Струмица но, локалите продолжуваат да работат со истото темпо, а младите се групираат без потребното растојание и без да носат заштитни маски.

На социјалните медиуми секојдневно се споделуваат снимки од тоа што се случува во струмичките локали. Едно такво видео сподели и доктор Ненад Лазаров од ресторанот „Голден Палас“ во Струмица од пред само три дена.