На социјалните мрежи се појави видео од скoпското средно училиште „Никола Карев“ на коешто се гледа како директорката им се заканува на учениците во обид да ги спречи да излезат на закажаниот денешен протест против загадувањето.
Во обид да ги заплаши учениците, директорката им се обраќа на учениците со зборовите: „За последиците не ви гарантирам“…