Македонија 01. јули 2020. / 20:49

(ВИДЕО) Во Тетово ги кријат симптомите, не се здравствено осигурани, а тестот за Ковид-19 чини 4.000 денари и немаат да платат

(ВИДЕО) Во Тетово ги кријат симптомите, не се здравствено осигурани, а тестот за Ковид-19 чини 4.000 денари и немаат да платат

Бројот на заразени во Тетово ќе биде и поголем бидејќи има многу граѓани  кои ги кријат симптомите и не се јавуваат на матичен лекар.

Немав чувство за вкус, имав температура, се чувствував изморен. 14 дена ми беше тешко, во болница не отидов бидејќи немав пари, такви ми се условите. Се мачев со чај и лимон, дома примав инфузија, такви работи…, вели за ТВ21 еден од заболените. Како што вели нема здравствено осигурување и не може да ги плати трошоците поради неговата финансиска состојба.