Катерина Трајкова Нурџиева, најмалата внука на Гоце Делчев во едно од интервјуата кажува дека тој би се превртел во гробот доколку знае дека некој си го присвоил името Македонија.Таа додава дека целиот живот го посветил на чување на тоа име и дека така и загинал, како и дека таа уште од 16-годишна возраст тргнала по неговиот пат.
Во период кога Бугарија сака да го присвои делото на овој револуционер добро е да чуе што порачува неговата внука.
Животот го даде знаејќи дека умира за Македонија. Во устата на Гоце секогап стоеше зборот Македонија. За неа беше подготвен да умре и така направи, изјави внуката на Гоце Делчев.