Македонија 30. септември 2020. / 12:12

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за потврдување на указите на Пендаровски за прогласување вонредна состојба

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за потврдување на указите на Пендаровски за прогласување вонредна состојба

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за потврдување на пет укази за прогласување вонредна состојба од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Ова пред малку во Собранието го соопшти пратеникот Антонио Милошоски.

Милошоски наведе три причини за ваквата одлука: прво, лоши резултати во битката со Ковид19, второ, влошени економски состојби кои беа причина за воведување вонредна состојба и трето, злоупотреби на вонредната состојба за правење поткуп и носење на закони кои не смеело да се носат како тие за марихуана, будење дијаманти и други.

Одговор за тоа што ќе се случи сега во врска со можната уставна криза Милошоски сугерира да се бара од владата, Пендаровски и Уставниот суд.

Изјава Милошоски

Изјава Милошоски

Gepostet von MИА.mk am Mittwoch, 30. September 2020