Македонија 25. јануари 2021. / 11:41

(ВИДЕО) ВЛАСТА ЌЕ НЕ БРАНИ ОД ВЛАСТА? Еве зошто Насер Зибери е лош избор за омбудсман!

(ВИДЕО) ВЛАСТА ЌЕ НЕ БРАНИ ОД ВЛАСТА? Еве зошто Насер Зибери е лош избор за омбудсман!

Главна тема ова утро е изборот на нов омбудсман односно народен правобранител. Според она што е предложено до Собранието, Власта го предлага поранешниот новинар и нотар Насер Зибери. Тој е кадровско решение на ДУИ, претходно беше предложен и за премиер од нив. Но, негова „утешна награда“ е да се грижи за правата на граѓаните.

Можете ли да замислете во каква држава живееме ние? Во земја во која народен правобранител се бира не врз база на тоа колку е добар правник, колку ги застапува правата на граѓаните, маргинализираните групи, сиромашните, туку врз база на тоа од која политичка партија и кому е верен. А квалитетите никој не ги зима предвид.

Јас, а и секој нормален човек би требало да смета дека некој што сакал да стане премиер, не може да стане народен правобранител. Како ние да очекуваме Насер Зибери да се бори против неправдите во ова општество доколку знаеме дека главен извор на неправдите во едно општество е власта. Независно за која власт говориме, секогаш власта е опозитот, и власта е таа која ги крши правата на граѓаните.

Насер Зибери доаѓа како предлог на власта, односно на владејачката партија ДУИ. Во истовреме тој е во роднински конекции со еден министер од ДУИ. Како ние да очекуваме дека овој човек ќе се бори за правата на граѓаните, ако се има предвид дека овој човек доаѓа токму од власта.

За оваа позиција во секоја нормална држава би требало да има човек кој е експерт по право со долгогодишно искуство и човек кој знае како е да се биде на другата страна. Пред сѐ и човек, можеби преку невладиниот сектор, најразличните платформи и досега се борел за правата на граѓаните.

За жал, ние сега се наоѓаме во една ситуација која е позната и не е нова за Македонија, а ситуацијата се нарекува (по она старинското), „Кадија те тужи, кадија те суди“. Значи власта ќе ве брани од нарашувањето на правата, кое исто така  може да ви го нанесе власта. Во истовреме многу е важно да се напомене дека оваа позиција е позиција на она што се нарекува „checks and balances“ во правото т.е. политичкиот систем. Со потенцијалниот избор на Насер Зибери овој „checks and balances“ ќе биде целосно нарушен.

Ќе видиме како ќе се одрази се ова, но ние се будиме уште едно утро се будиме во „земјата на чудата“. Во земјата во која сѐ уште нема вакцини, во земјата во која пописот ќе се одржува и покрај пандемијата Ковид-19, во земја во која во секој момент очекуваме да пристигнат Фејсбук и Гугл и да инвестираат овде…

Останете среќни. Обидете се ништо од ова да не влијае на вашиот личен развој и борете се. Борете се еден ден да живееме во земја која ќе има народен правобранител кој навистина ќе го застапува народот, а не власта!