Македонија 05. март 2019. / 10:01

(ВИДЕО) Виница се гуши во чад: Запалената депонија се чувствува и на 15 километри

(ВИДЕО) Виница се гуши во чад: Запалената депонија се чувствува и на 15 километри

Депонијата во село Лески е извор на зарази и загадувач кој зафаќа дури 15 километри околу себе.

Запалената депонија е еколошка бомба за сите жители кои живеат во овие населени места.

Жителите на Лески велат дека едвај дишат. Ужасната миризба се чувствува во Виница, а ја почувствувале и жителите на Блатец.

Од Лески до Блатец има повеќе од 15 километри, што јасно укажува колкава штета нанесува оваа депонија.