Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски пред неколку минути излезе од зградата на судот по краткиот распит откако попладнево беше приведен и осомничен како еден од организаторите на настаните од 27 април во Собранието, објави Телма.
Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет.
– По дифолт секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота. – кратко изјави Вељаноски по излегувањето од судот.