Македонија 09. March 2019. / 22:40

(ВИДЕО) Утре „Во Центар”: Дали преку Скопје се прави државен удар во Србија за смена на Вучиќ?

(ВИДЕО) Утре „Во Центар”: Дали преку Скопје се прави државен удар во Србија за смена на Вучиќ?

Во најновото издание „Во Центар“ со Васко Ефтов во кое истражува во Белград, ќе може да проследите интервју со Драган Ј. Вучичевиќ, главен уредник на весникот Информер од Србија.

Овој весник пред неколку денови објави „доверливи записи од тајните служби во Бугарија кои биле проследени до колегите во Белград“ за наводен состанок кој се одржал во Скопје и на кој, според Информер и изворите на весникот, се ковала стратегија за уривање на власта на Александар Вучиќ.

Скопје стана како Будимпешта од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-та година, центар каде се собираа тие кои сакаа да ја срушат власта во Србија, а каде доаѓаа пари од западот за рушење на власта. Доаѓаа луѓе и обучуваа демонстранти како да ја срушат власта. Тоа се случува во Скопје, вели уредникот на Информер, Драган Ј. Вучичевиќ.

Изгледа дека Бугарите сега се лути на Заев, чим нам ни доставија извештај, транскрипт од состанокот. На тој состанок присуствувал некој кој очигледно работи за Бугарите. И нив им пратил детален извештај. Тој е на нивото на транскрипт, таму пишува Заев рече тоа и тоа, Ѓилас одговори вака, Башановиќ рече тоа и тоа, Ерик Брнс рече вака и вака, вели Вучичевиќ.

„Значи стенографски?“

-Речиси. Тој бугарски шпиун од Скопје го пратил (транскриптот од состанокот, н.з.) на својата служба во Софија.

Ова и уште многу повеќе детали до кои дошла редакцијата на Информер во недела во 22:00 часот на Алфа телевизија во најновото издание на „Во Центар“ со Васко Ефтов.