На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска во нејзина „верзија“ ја испеа македонската химна од која ги исфрли стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански!Ова предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, пишува expres.mk.
На настанот присуствувал и претседателот на македонската Влада, Зоран Заев. Инаку еве го Текстот на химната усвоен во 1991 година:
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Верзијата на Тодевска, на видеото подолу по втората минута.