Македонија 25. мај 2019. / 21:18

(ВИДЕО) Студентски дом пет дена без струја – студентите учат на свеќи

(ВИДЕО) Студентски дом пет дена без струја – студентите учат на свеќи

Студентскиот дом Томе Стефановски-Сениќ, веќе пет денови е без струја, пренесе Телма.

Поради овој проблем, околу 200 студенти, не знаат дали ќе ги положат испитите наредната сесија, бидејќи студентскиот дом веќе петти ден е без струја.

Директорот на студентскиот дом вели дека за проблемот е известено и Министерството за образование, но и дека заради празниците не можело да се плати сметката.

– Овој проблем го имаат сите домови. Сите овие години сме пробале да се смени законот за финансирање на домовите но без успех. Информирано е МОН, но поради празниците не можело да се префлат средства до ЕВН, па поради тоа е исклучена струјата и чекаат да им бидат префрлени средствата. Сместените станари добиваат сува храна, обезбедени се свеќи за навечер. – вели Лурзим Џемаили, директор на ДСД Томе Стефановски – Сениќ.

Студентите и вработените во домот се надеваат дека од понеделник ќе ги уживаат истите цивилизациски услови, бидејќи велат да учиш со уклучена ламба не е привилегија.