Стојан Андов вчера во емисјата „Отворено“ го критикуваше претседателот Иванов поради неговата одлука да не гласа на референдумот.
Тој потсети дека Иванов од неговиот избор во 2009, водел политика на изолација на Македонија од западните влијанија.
„Оваа акција на Иванов е очекувана и од него ништо не треба да очекуваме. Тој не бил ни претседател на месна заедница или општина, ниту водел некој сектор во државната управа. Просветното искуство што го имал го напушти и го замени за идејата за антиквизација. Тој не се занимава со својата професија. Иванов е веќе прочитан од граѓаните и малку ќе има влијание на граѓаните “ – изјави Андов.