Утрово, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски изнесе скандалозни информации за јавноста. Според него, министерот Николовски кој треба да се бори со корупцијата е заплеткан во нов сериозен сомнеж бидејќи негови роднини се вратботени со високи плати во државната администрација.
Стоилковски обвини дека продолжува непотизмот во власта на Зоран Заев. Тој упати прашање до Љупчо Николовски да објасни за тоа дека негов чичко и братучеди се вработени во МНАВ за високи плати од 100.000 денари.
Стоилковски потсети дека непотизам имало и додека Николовски бил во министерството за земјоделие. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ направи паралела велејќи дека 55.000 работници се на улици, а власта спроведува непотизам вработувајќи свои роднини.
Во продолжение може да ја видите и прес-конференцијата на Стоилковски.