Околу 3.000 демонстранти, во најголем дел донесени со автобуси од внатрешноста вечерва маршираа на настанот насловен „чекориме за правда“ кој го организираше владејачката СДСМ.
Екипата на „Лидер“ ги пречека демонстрантите на провладиниот протест покрај автобусите од кои беа донесени, но, најголем дел од нив не знаеја да ни одговорат зошто се дојдени да маршираат. Имаше некои, кои сепак ни рекоа дека дошле да протестираат за правда.
-Дојдовме да се прошетаме и да видиме што има ново, ни рече еден од демонстрантите.
Тие, од владејачката партија биле послужени и со сендвичи.