Македонија 01. јануари 2021. / 08:45

(ВИДЕО) Со огномети, Охрид и Струга ја дочекаа Новата година

(ВИДЕО)  Со огномети, Охрид и Струга ја дочекаа Новата година

Новата година  ја дочекавме во нова реалност, во домашен амбиент, без организирани прослави и со затворени угостителски објекти. Вака порталот Охрид њуз ја опишува синоќешната ситуација од дочекот на Новата година во Охрид и Струга.

Во најпосакуваните туристички дестинации иако немаше организирани прослави, не изостанаа традиционалните огномети. Точно на полноќ стотици ракети го осветлија небото над Охрид и Струга, означувајќи го почетокот на Новата Година.