Невреме проследено со град и силен ветер попладнево го зафати подбеласичкиот регион. Од градот кој бил со големина на лешник најпогодено е струмичкото село Мокрино, но и атарите на селата Мокриево и Борисово.
УХМР најави дека од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
На јутјуб попладнево се објави и видео од невремето кое го зафати селото Мокрино.