Во еден ден универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова успеала да ги собере потребните 10.000 потписи за кандидатура за претседател на Република Македонија.
Откако ја дознала информацијата, преку нејзиниот фејсбук профил Силјановска им се заблагодари на сите оние кои потпишале.
-За мене е како во песната на Рацин, “Силно светнал ден!” – рече професорката.