Професорката Гордана Силјановска Давкова денеска ја започна внатрепартиската кампања за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа попладнево ја претстави својата програма и визија пред членовите и симпатизерите на партијата од Ѓорче Петров
Професорката Силјановска на денешната дебата во Општинскиот Коминтет на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека многу подобро би било ако парламентарните избори бидат заедно со претседателските избори, но дека СДСМ бега од предвремени парламентарни избори, бидејќи како што вели Силјановска ќе стигне пресудата на народот, за неодговорното владеење на СДСМ.