Професорката и пратеничка во Собранието, Гордана Силјановска-Давкова во вечерашното гостување во Филибастер на Радио Лидер зборува за корупцијата во Македонија.
Силјановска-Давкова вели дека падот на позицијата на индексот на корупцијата е слободен пад од 45 места токму во време на владеењето на СДСМ.
„Тоа значи дека корупцијата и криминалот не се ендемски, туку дека се системски. Не може да ги врземе само за личностите на сторителите туку за коруптивниот амбиент. Амбиентот политички, економски, затоа што на власт имаме т.н. бизнис-политичари, Јануси со две лица, истовремено се и претставници на граѓаните, но истовремено и си го тераат бизнисот бидејќи кај нас најдобри бизнисмени се оние кои се о политиката. Во светот сите бегаат кои се успешни претприемачи од политиката, ама кај нас политиката ви носи профит затоа што не се откажувате од бизнисот што го имате“, вели Силјановска-Давкова.
Пратеничката додава дека тоа е така бидејќи во т.н. авторитарни режими, во т.н. хибридни режими се случува политика како беспоштедна битка за моќ.
Следете го гостувањето на Силјановска Давкова на следниот ЛИНК.