Македонија 13. јули 2019. / 15:01

(ВИДЕО) Шилегов „расположен“ се појави на отворањето на Охридско лето

(ВИДЕО) Шилегов „расположен“ се појави на отворањето на Охридско лето

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за првпат дојде на отварањето на „Охридско Лето“, објави Скопје1.

Протоколот го пречека Шилегов и го смести во ложата до претседателот и премиерот.

Ова е прв пат Шилегов да дојде на „Охридско Лето“, па видливо беше дека малку е „дезориентиран“ и „видно расположен“ но и „чудно возбуден“.

Присутните гласно прашуваа “Дали е стабилен? Што му се случува”?

Најверојатно исполнет од сите овие „состојби“, тој во еден момент почна дури и да прави чудни шеговити гестикулации кога се поздравуваше со премиерот и неговата сопруга, заборави да се поздрави со директорката и нејзиниот сопруг (застанувајќи и потпирајќи се со телото целосно над него), а кога се поздравуваше со претседателот Пендароски, Петре се свитка, искриви и како да легна на Антички позади Заев.