Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка за Заев, слобода за народот“ ги повика младите да се приклучат во борбата против распродавањето на националните интереси.
-Ја користам оваа прилика да ги повикам членовите на останатите политички подмладоци, СДММ и сите останати. Да ни се приклучат во оваа наша борба и да застанат и тие рамо до рамо со нас за да не останеме млади без име, млади без држава и млади без иднина, порача Попов
Попов посочи дека младите жестоко ќе се спротивстават на Заев и младите веднаш бараат оставка на владините функционери. Тој ги повика сите подмладоци на другите партии за да застанат рамо до рамо со УМС на ВМРО-ДПМНЕ и да се спротивстават на Заев и неговата екипа.