Македонија 22. јули 2019. / 22:40

(ВИДЕО) Се појави Катица Јанева

(ВИДЕО) Се појави Катица Јанева

Марија Пијанманов на својот профил на Фејсбук се пофали дека ја „уловила“ на фризер специјалната обвинителка Катица Јанева за која целата јавноста се прашува каде е откако минатиот понеделник даде оставка, зеде боледување и не се појави на работа, пренесе ПлусИнфо.

Пијанманов објави неколку снимки од фризерницата во која била во исто време со Јанева. Како што може да се забележи на снимките станува збор за познато скопско студио за убавина, но Пијанманов не открива кога ги направила снимките.