Тешка градежна механизација денеска работи на градба на нелегален објект на самиот брег на Охридско Езеро, во месноста Свети Стефан каде се сечат дрва и се гради потпорен ѕид, пишува Охрид 1.
Како што пишува порталот, граѓаните алармирале во инспекциските служби, кои веќе се упатиле на терен, а на терен повторно излегол и градоначалникот Константин Георгиевски кој е препуштен сам на себе да се бори со организиран хаос и мафијашко и насилно узурпирање на брегот на Охридско Езеро на подрачјето на Охрид.
Граѓаните на Охрид се сведоци на невидени атаци и узурпација на брегот како последица на не функционирањето на државата која не успеа да се справи со првиот бран дивоградби и не ги отстрани познатите узурпатори на плажи на брегот на Охридско Езеро, па лудилото сега нема крај, пшишува порталот кој објави видео од денешните градежни работи.