По бројните скандали поврзани со него, од неговото вработување како владин претставник во „Телеком“, преку лажираниот докторат, деновиве генералниот секретар, Драги Рашковски, е актуелен со најавите за тужби против новинарите и медиумите кои објавија дека е вмешан во матни зделки со тендери од ЕБОР.
За подобро да се разбере каков профил на луѓе се дел од Владата на Зоран Заев, потсетуваме на неговата изјава во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“, кога коментирајќи ги македонските граѓани кои месеци протестираа низ цела Македонија за одбрана на унитарноста и сувереноста на државата, вели дека треба да се ишамараат.
-Значи на нашиот народ му треба добар ќотек и добро кошкање, за да сфати каде му е местото. Да не биде тоа лошо сфатено добар ќотек, мислам дека некој треба да го опамети, да го ишамара, за да се свести каде е, изјави Рашковски во 2017 година.