Десетици илјади луѓе синоќа се собраа на улиците во Полска да протестираат против строгите мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот.
Протестите се случија еден ден по демонстрациите околу одлуката на Уставниот суд за речиси целосна забрана за абортус.
Во Полска стапија на сила нови ограничувања за борба против пандемијата, вклучително и затворање ресторани и кафулиња за две недели, откако вчера беа потврдени повеќе од 13.600 нови случаи на Ковид-19, најмногу во денот од почетокот на пандемијата.
People from #Poland have united to fight for their freedom and justice against the ban on abortion, #COVID19 restrictions #lockdown and also for the #agriculture ! Only together we have a voice ? pic.twitter.com/ZypCww5u83
— KarlWolf (@KARLW0LF) October 24, 2020
Демонстрантите се собраа пред куќата на Јарослав Качински, претседател на владејачката партија Право и правда.
Втора ноќ по ред, кордон полиција стоеше пред куќата на Качински, блокирајќи го минувањето на демонстрантите, од кои беше побарано да се растераат и да се придржуваат до ограничувањата воведени за јавни собири.
Полските медиуми проценуваат дека на протестите во Варшава имало околу 15.000 демонстранти, и покрај мерките за забрана на јавни собири на повеќе од десет лица, а оваа бројка од денеска ќе се намали на пет.
Демонстранти се собраа и во Познан, Вроцлав и Краков, а протести се најавени и за понеделник.
Вчерашните демонстрации во Варшава беа главно мирни, за разлика од оние што се одржаа во четвртокот, кога некои демонстранти фрлаа камења, а полицијата употреби бибер спреј