Урнебесно тврдење на демонстрантите на иницијативата „Македонија Блокира“, денеска пред собрание. Откако комуналното пртпријатие им го сруши празниот камп поставен пред собрание, луѓето на Бачев денеска излегоа со тврдење дека успеале да спасат слика од претседателот Иванов и тенџере за сарма која ја дегустирале за христијанскиот празник Свети Никола.
Од партијата Единствена Македонија, која важи за единствена проруска партија во Република Македонија, за агенцијата Макфакс, велат дека поради тоа што сармите и киселата вода им ги фрлиле во ѓубре, почнува падот на Зоран Заев.
-Две такви фотографии од нашите обраќања до претседателот ги најдовме во камиончето на ‘Паркови и зеленило’ со останатото ѓубре. Како што го најдовме моето тенџере од славата за Свети Никола, која је чествувавме тука, два леба и 2-3 кисели води кои беа за луѓе да ги консумираат тие во ѓубре… – изјави Ана Бобинкова, од Македонија Блокира.
Потпретседателот на Единствена Македонија, Драган Угриновски, во изја за Макфакс бара обештување за кампот, шишињата со кисела вода. Доколку не добијат обештетињето од проруската партија се закануваат со радикално делување во кое дека ќе блокираат 40 градови во Република Македонија.
-Доколку не бидат вратени сите работи на своето место и доколку не бидеме обештетни, ќе блокираме најмалку 40 градови. Од сабота ќе почнеме со максимално вклучување на блокадите, досега бевме колегијални да не страдаат многу градот и граѓаните, изјави Драган Угриновски, потпретседател на Единствена Македонија.