Во полицициска акција во општина Ѓорче Петров едно лице е уапсено за изборен поткуп. Акцијата се одвиваше во населбата Даме Груев, веднаш после мостот. Приведено е лицето Н.К., активист на СДСМ, пренесе „Република“.
На видеоснимката до која дојде Република се гледа зголемено присуство на полицијата, а во текот на денот се очекува да излезат со повеќе детали.