Јас лично да, ќе одам на парадата. Верувам дека и другите колеги од групата – рече Туфегџиќ. Запрашана за тоа дали групата е навистина интерпартиска, таа кажа дека има претставници од СДСМ и коалицијата, а дека членуваат и пратеникот Бранко Манојловски од ДУИ и Нола Исмајловска-Старова од независната пратеничка група, меѓутоа дека нема пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
– На ова прашање мора да почне да се гледа како на прашање за човекови права. Нашата задача како парламентарци е да ги гарантираме, штитиме и обезбедиме човековите права, без разлика дали вие имате личен став на пратеник, верско мислење на пратеник, што и да е. Вие имате задача да ги гарантирате правата, дека тие нема да бидат дискриминирани и да излезете заедно со нив, да ги поддржите нивните барања, бидејќи тоа е одговорноста која ние ја носиме како институција. Мислам дека е многу важно во тој поглед да ги водиме и дискусиите. Има пратеници кои се параноични, веќе ги знаете кои се, кои застапуваат одредени ставови низ годините… меѓутоа, се што ќе изговориме на таа парламентарна говорница, допира до граѓанин. Ако нашиот говор е говор на омраза, или на сеење страв, паника, неоправдана параноја и така натаму, тоа произведува говор на омраза кон активистите, кон лицата, затворање повторно на лицата, кои сакаат можеби да излезат, јавно да кажат дека се геј… и тоа е сериозен проблем и пратениците и оваа група работи на подобрување на тој тип на атмосфера – рече Туфегџиќ.